Сервис

     Имаме сервис во кој се извршуваат сите поправки на автобусите за време на периодот под гаранција и потоа. Сервисот исто така го одржува клима уредот, сите видови на стаклени и полиестерски материјали. Сервисот и поправките се извршуваат во најкраток можен рок, со најголема ефикасност од експертите на фабриката.
     Фабриката исто така нуди делови за сите модели на автобуси кои биле произведени во последните 10 години. Деловите можат да се купат директно во фабриката.

 


S-403::Сервис и поправки

   
 
 
         

Ремонт

     Фабриката за автобуси и возила "SANOS" врши ремонт на сите модели на автобуси произведени во фабриката и на автобуси произведени во други фабрики. Ремонтот вклучува генерална поправка на решетката, шасијата и каросеријата.
     Во зависност од потребите на купувачот, интериерот може да остане ист, да се модифицира или целосно промени. За време на ремонтот целосно е променета внатрешната лимарија, подот и неговата преса, исто така и седиштата.
     До сега во нашата фабрика биле извршени ремонти за повеќе компании како Ласта – Белград, Срем - Експрес Аутобанат – Зрењанин, Аутотранспорт – Краљево, Аутопревоз – Велика Плана и Македонија Сообраќај – Скопје. За овие компании направен е ремонт за следните модели на автобуси: S 315, S 415 and S 415.5.

 


S415MVP::Ремонт