SANOS::За нас

SANOSS
традиција во континуитет!

     Корените на фабриката за автобуси и возила "SANOS" - Скопје датираат уште од 1930 година, кога фабриката била работилница за репарација и производство со повеќе од 30 работници.
     Самата фабрика е формирана 1946 година како државна фабрика под името ФАС "11-ти Октомври" АД Скопје. ФАС зафаќа површина од 142.000 м2 со погони за производство и сервис, административни згради, складишта, хали и комплетна инфраструктура.
     Големиот труд и ентузијазам на комплетниот тим од производство и менаџмент допринесоа со време фабриката да се трансфомира во една од најголемите производители на автобуси и возила во Европа и на глобално ниво.
     Под заштитената марка "SANOS", во фабриката биле произведувани сите типови на автобуси, средни автобуси, возила, специјални аеродромски возила и тролејбуси со кооперанти што успешно траеше сè до 2001 година кога производството привремено беше стопирано.
     Во Април 2004, "UNITIRES" ја купија фабриката и благодарејќи на искуството на сопственикот и интересот во производство во авто-мото индустријата, фабриката беше брзо рестартирана под новото име – Фабрика за Автобуси и Возила "SANOS" и производството беше обновено и модернизирано постигнувајќи квалитет кој може да се мери со најновите светски стандарди во производство на автобуси и возила. Производството е главно водено од софистицирана електроника што овозможува лесно управување и контрола на целиот систем.
     Користејќи го искуството и знаењето приобиено низ повеќе декади при постоењето на фабриката и соработката со Mercedes-Benz започната уште од 1967 со лиценциран договор за техничка и технолошка соработка, нашата компанија продолжува да произведува моќни возила во кои се имлементирани најновите достигнувања во големото поле на јавниот сообраќај.
     Со еден збор, ние се осмелуваме да кажеме дека во зависност од режимот на работа и патните услови, нашите автобуси и возила обезбедуваат висока сигурност при користење, мала потрошувачка на гориво, комфорт, трајност, лесно одржување и задоволство при возењето.

 
     
 
SANOS - Кратка временска линија
     
             година: 2005
S-715::ROADSTAR
   

            година: 2004
S-403::Туристички автобус
   
 
            година 2004
S-608::Минибус

             година: 2005
S-213::Добитник на Златна плакета
   
 
             година: 1989
S-515::Туристички автобус
   
 
             година: 1985
SANOS::Oldtimer
   
 
             година: 1960
SANOS::Oldtimer
   
 
             година: 1953
SANOS::Oldtimer
 

             година: 1946
SANOS::Oldtimer